Бугарски парламент / Фото: EPA/STRINGER

Бугарските пратеници ги замрзнаа своите плати

Според усвоените измени, бугарските пратеници ќе добиваат основна месечна плата во износ од три просечни месечни плати на вработените во јавниот сектор, според податоците на Националниот институт за статистика за март 2026 година.

Пратениците во бугарското Народно собрание ги замрзнаа своите примања на нивото од март 2026 година. Бугарските пратеници едногласно, со 193 гласа „за“, ја усвоија одлуката за измени на Деловникот за организација и работа на Народното собрание на Бугарија, објави БТА.

Предлогот беше поднесен од партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од премиерот Румен Радев. Како причина за ваквиот потег беше наведено дека во услови на економски предизвици и зголемени очекувања од јавноста, политичарите треба да покажат солидарност и одговорност.

Со одлуката се укинува и досегашниот механизам за автоматско пресметување и корекција на пратеничките плати на секои три месеци.

Предлагачите сметаат дека замрзнувањето на примањата испраќа порака дека носителите на јавни функции треба да дадат пример во период кога голем дел од граѓаните се соочуваат со економски притисоци.

Според усвоените измени, бугарските пратеници ќе добиваат основна месечна плата во износ од три просечни месечни плати на вработените во јавниот сектор, според податоците на Националниот институт за статистика за март 2026 година.

Бугарија ја запре воената помош за Украина — Владата на Радев нема да испраќа оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот