Деца трчаат по железнички мост во Загреб / Фото: принтскрин/читател на Индекс

ВИДЕО | Опасна игра: деца трчаа на врвот на железничкиот мост „Хендрикс“ во Загреб

Двајца тинејџери вчера биле снимени како трчаат на врвот на железничкиот мост Хендрикс во Загреб. Случаен минувач ги забележал и ги снимил, а видеото го исрпатил на Индекс.

„Во еден момент, тие застанаа и седнаа. Значи, ова е следното ниво. Во ред е да одат, но тие трчаат и тоа на врвот“, може да се слушне на снимката.

Во ноември 2020 година, за малку беше избегната голема трагедија. Брзата реакција на машиновозачот спречи возот да удри во група деца што одеа по истиот мост.

„Кога возот број 961 пристигна пред мостот, машиновозачот забележа група деца како одат по мостот, поради што веднаш почна да кочи. Откако возот застана, групата деца се оддалечи од мостот и, откако се увери дека пругата е проодна, машиновозачот продолжи да вози. Возот сообраќаше на релација Загреб-Сисак“, објави тогаш Хравстката железница.

По тој повод, тие апелираа до граѓаните да ја почитуваат строгата забрана за движење по пругите и директно до пругите и да ги почитуваат сообраќајните правила.

Нова трагедија во Србија: дете се бори за живот откако врз него се урна метална конструкција на автобуска станица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот