Фото: rawpixel.com / CC0

Осуммина се уапсени за детска порнографија во Србија – меѓу осомничените е и Русин

Во продолжение на акцијата „Армагедон“, српската полиција приведе осуммина осомничени за кривични дела поврзани со незаконско прикажување, набавување и поседување недозволени содржини, како и за злоупотреба на малолетни лица преку интернет, пишуваат српските медиуми.

Уапсените се на возраст од 24 до 64 години, а меѓу нив има и еден државјанин на Русија. Во подолг временски период тие преку интернет разменувале и чувале недозволени дигитални материјали.

Тројца од осомничените преку социјални мрежи и комуникациски апликации отвориле лажни профили, претставувајќи се како малолетни девојчиња, по што воспоставувале контакт со други деца, од кои барале и добивале недозволени фото и видеосодржини.

При претреси на станови и други простории кај сите осомничени, на електронските уреди биле пронајдени дигитални материјали кои, според надлежните, претставуваат доказ за сериозни злоупотреби на малолетни лица, се наведува во соопштението.

Акцијата „Армагедон“ е повеќегодишна специјализирана полициска операција насочена кон откривање и сузбивање на кривични дела поврзани со злоупотреба на деца и малолетници во онлајн-просторот.

Во рамки на акцијата, полицијата континуирано следи активности на интернет, социјални мрежи и комуникациски апликации, со цел идентификување лица кои користат лажни профили и вршат нелегални дејствија на штета на малолетници.

Според српското Министерство за внатрешни работи, последната фаза од акцијата била реализирана и како дел од поширока меѓународна операција за спречување на онлајн-злоупотреби и зајакнување на меѓународната соработка во оваа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот