Фото: илустрација / СПЦ

Поп од Црна Гора сексуално ги злоставувал сопствените деца, обвини бившата попадија

Свештеник на Црногорско-приморската митрополија на Српската православна црква (СПЦ) е осомничен дека сексуално ги злоставувал своите две малолетни деца, за што судот му одреди мерка надзор, забрана за пристап и средба со неговата поранешна сопруга и децата, пренесува Побједа. Случајот го пријавила во полиција неговата поранешна сопруга.

Според одлуката на судот, на свештеникот му е забрането да го напушти својот дом. Овие мерки му биле изречени откако 72 часа поминал во притвор.

„Во Основното обвинителство во Цетиње, Б.Ќ беше испрашуван под сомнение за сексуално вознемирување на две малолетни деца и му беше одреден притвор од 72 часа, а потоа надлежниот суд изрече мерка надзор, забрана за пристап и средба со повредените лица и забрана за напуштање на местото на живеење“, се наведува во одговорите од Обвинителството во Цетиње, објавува Побједа.

Според пријавата од сопругата, тие биле во брак до 2019 година, кога, како што навела, „таа избегала со децата поради психичкото и физичкото насилство што тој им го вршел“. Таа рекла дека во 2020 година престојувала во безбедна женска куќа, заедно со своите деца.

Неговиот адвокат Томислав Кнежевиќ, тврди дека станува збор за лажно пријавување од неговата поранешна сопруга. Според адвокатот, мотивот за поднесување на ова барање е исклучиво нетолеранцијата на неговата поранешна сопруга, која изнесувала лаги за него со крајна цел да му наштети на угледот како свештеник кој го ужива во општеството, а воедно го лишила од остварување на родителските права.

„Морам да истакнам и дека мојот клиент досега не сакал да покрене никаков правен механизам против неговата поранешна сопруга, почитувајќи ја неа и светоста на семејството и мајката, не сакајќи на никаков начин да ги изложи децата на негативни ситуации, но во овој случај навистина е потребно да се стави крај на лажните пријави и злоупотребата на институциите заради лични сметки“, рече Кнежевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот