Меколи Калкин и неговата сопруга го користат филмот „Сам дома“ за воспитување на синовите: „Ги учиме за опасностите од странци“
Меколи Калкин и Бренда Сонг открија дека филмот „Сам дома“ го користат како насока во воспитувањето на своите синови. Сонг неодамна раскажа дека таа и Калкин им го пуштиле на своите деца култниот филм, но не им кажале дека нивниот татко е ѕвездата во него, пренесува „Пипл“.
Препорачано
Наместо тоа, филмот им послужил како важна лекција за опасностите од странци.
Таа додаде дека момчињата уживаат во „лудориите и паметно смислените замки“ од филмот, но немаат целосна слика за вистинската опасност што се прикажува. Според неа, нивниот постар син Дакота подобро го разбира филмот од помладиот Карсон.
„Можеби сум строга, но мислам дека децата треба малку и да се плашат. Постојано ги учам синовите за опасностите од странци. Не е важно дали се нечии родители, ако не го знаат името или ако никогаш претходно не ги виделе, тоа се странци“, изјавила Сонг.

Таа објаснила дека ги учи децата да бидат свесни за околината и секогаш да ги забележуваат излезите.
„Во секоја зграда во која влегуваме, се прашуваме како сме влегле и како ќе излеземе“, рекла таа.
Минатиот ноември, Калкин ја одбележа 35-годишнината од филмот и изјави дека, иако често го гледаат со синовите, тие сè уште не сфатиле дека тој е Кевин од филмот, кога имал само 10 години.
„Тие навистина го обожаваат ’Сам дома‘, но сега имам сосема поинакво искуство. Немаат поим дека јас сум Кевин. Сакам да ја задржам таа илузија што е можно подолго“, изјавил Калкин.
Сепак, тој открил дека неговиот син Дакота, гледајќи фотографии од неговото детство, забележал дека изгледа исто како Кевин.


