Поранешниот португалски шампион згаснува по 123 години постоење
Португалскиот фудбалски клуб Боависта од Порто, еден од само петте клуба што успеале да ја освојат шампионската титула во земјата, се соочува со целосно згаснување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Судот донел одлука според која клубот до 31 јули мора да ги прекине сите деловни активности и да ги испразни просториите што ги користи. Оваа мерка практично значи крај за Боависта по 123 години постоење.
Клубот е основан на 1 август 1903 година и важи за еден од најстарите во Португалија. Најголемиот успех го оствари во 2001 година, кога ја освои единствената титула шампион на Португалија, прекинувајќи ја долгогодишната доминација на Бенфика, Спортинг и Порто.
Само две години подоцна Боависта стигна до полуфиналето на Купот на УЕФА, а во сезоните 1998/99 и 2001/02 беше вицешампион на Португалија.
Триото Бенфика, Спортинг и Порто има освоено дури 90 од вкупно 92 шампионски титули во португалското првенство. Единствените исклучоци се Боависта во 2001 година и Белененсеш, кој до титулата стигна уште во 1946 година.
Од 2021 година сопственик на Боависта е шпанско-луксембуршкиот бизнисмен Жерар Лопез. За време на неговото управување, клубот се соочи со сериозни финансиски проблеми и поради неправилности доби забрана за регистрација на нови играчи во пет последователни преодни рокови. Последиците беа катастрофални, Боависта испадна во четвртата лига, а сега се соочува и со целосно затворање.
Лопез претходно беше сопственик и на францускиот Бордо, како и на белгискиот Мускрон. И двата клуба, поради финансиски проблеми и лошо управување, останаа без професионален статус во своите земји.
Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот против Рига


