Победничкиот дизајн на Лилија Ивановска за новиот терен за Red Bull Half Court во парк Авионче Фото: George Bogdanovski

Red Bull Half Court се враќа во Македонија: Kој ќе нè претставува на Светско на Филипини?

Најголемиот 3×3 турнир во светот, Red Bull Half Court, по четврт пат се враќа во Скопје!

После 3-те изданија на игралиште Влае, на 13 и 14 јуни со почеток од 18:00 часот, националното Red Bull Half Court финале се сели на потполно нов терен во општина Аеродром во парк „Авионче“, давајќи им нова шанса на најдобрите македонски баскетџии да го обезбедат своето место на светското финале на Филипини.

По минатогодишниот успех на македонскиот тим на светското финале во Дубаи, каде македонската 3×3 сцена уште еднаш покажа дека може рамноправно да се натпреварува со најдобрите во светот, следува ново издание исполнето со нови предизвици, неизвесни натпревари и уште поголеми амбиции.

Во сабота (13 јуни) ќе се одиграат квалификациските натпревари, додека неделата (14 јуни) е резервирана за завршните пресметки и големото национално финале, каде ќе дознаеме кој тим ќе ја претставува Македонија на светското Red Bull Half Court финале на Филипини.

Второ место за националниот Red Bull Half Court победник EUROEDIL на светското финале во Дубаи, 2025 Фото: Red Bull Content Pool

Покрај новата локација, оваа година премиера ќе има и целосно новиот терен, реконструиран од темел и со нов дизајн, креиран од победникот на активацијата„Дизајнирај го теренот од соништата“ – Лилија Ивановска, која успеа својата идеја да ја претвори во реалност:

„Инспирацијата доаѓа од желбата да се оди повисоко, да се надминат сопствените граници и постојано да се напредува. Сакав теренот да пренесува чувство на енергија, движење, слобода и амбиција. Некако, истото чувство го поврзувам и со играта на теренот. Дизајнот создава приказна која има и посебна поврзаност со Аеродром и самата локација кадешто ќе се игра.”

Со различни креативни перспективи, но со иста пасија за уличната култура и уметност, жирито, составено од  Сатја Грабулоски и Тони Зен, имаше тешка задача, а на крај го избраа дизајнот на Лилија да се исцрта на новиот терен и да биде главна ѕвезда на овогодишниот Red Bull Half Court.

Покрај неизвесните натпревари и новиот терен, нè очекуваат и други изненадувања, меѓу кои и гостување на еден од најатрактивните светски шампиони во забивање – Red Bull спортистот Piotr Grabowski, познат како Grabo Dunks, четирикратен светски FIBA шампион и спортистот чии настапи редовно ги поместуваат границите на тоа што изгледа возможно на кошаркарски терен.

Фото: Ред Бул Македонија

Натпреварот во сабота ќе се одвива во ритамот на SureShotz со Irie, Ogipsilon и Nasty, додека неделното финале ќе биде заокружено со old school сет на Funky Fresh, односно DJ Goce и DJ Chvare.

И оваа година правилата остануваат непроменети: секој тим треба да биде составен од четири полнолетни членови, а натпреварите ќе се играат според официјалните FIBA 3×3 правила.

Како за крај, повик до сите улични кошаркари да ја пријават својата екипа и на 13 & 14 јуни во парк „Авионче” да ги покажат своите способности и да го резервираат својот билет за Филипини. Се гледаме на терен!

За повеќе информации и деталната листа со правила, провери на официјалната страна на Red Bull Half Court.

 

Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот