Фото „Слободен печат“
Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Најдобро и најевтино е новиот клинички центар да биде блиску до „8 Септември“, смета Алиу

Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу до Градската општа болница „8 Септември“, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција.

Министерот посочи дека инвестициите во сегашниот комплекс „Мајка Тереза“ нема да запрат, бидејќи изградбата на нов објект ќе одземела неколку години.

„Не е трошење пари за џабе“, смета тој.

ВИДЕО | Брза помош заглавена кај Државна болница – „Од Ѓорче и Ченто стигнува за 10 минути, а заглавува на Клиника и по еден час“

Како дел од внатрешните реформи за поголема контрола и реорганизација, Алиу информираше дека во дел од клиниките веќе е воведен системот за идентификација со отпечаток од прст, а во план е и крупна дигитализација на менаџирањето со пациентите со цел да се укинат хартиените бројчиња.

Зборувајќи за инфраструктурата и за лошите хигиенски услови на дел од клиниките, тој најави итни зафати, набавка на инвентар на државно ниво и проширување на капацитетите.

„На Онкологија е почнато со реновирање на тоалетите. На Онкологија во план е да се гради плус уште еден кат“, најави министерот, меѓу другото.

Тој најави можност и луѓето со траен инвалидитет да не се пријавувааат на шест месеци, а државата да не троши по 1,4 милиони годишно само за да ги проценува преку комисии.

Траен инвалидитет е кога човек е неподвижен, по губење екстремитети или по мозочен удар, а комисиите од ресорното министерство сега бараат оваа состојба да се проценува и потврдува на секои шест месеци.

„По неколку состаноци, по мое барање да смениме и закон ако треба, нѐ известија дека закон не треба да се смени во оваа фаза бидејќи законот дава можност за траен инвалидитет, но ќе треба да се работи повеќе со комисиите за да може комисиите реално да видат таму каде што има траен инвалидитет да се даде тој траен инвалидитет. Јас пред две-три недели пратив писмо до сите комисии за да може да ги анализираат тие пациенти што навистина имаат траен инвалидитет да не треба да се појавуваат, туку да имаат решение за траен инвалидитет“, рече Алиу.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот