Фото: Принтскрин од видео

ВИДЕО | Брза помош заглавена кај Државна болница – „Од Ѓорче и Ченто стигнува за 10 минути, а заглавува на Клиника и по еден час“

Слушај ја веста

Возило на брзата помош е заглавена кај Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На видеото што ни го испрати читател, може да се види дека улицата е преполна со возила, па е практично невозможно амбулантата да мрдне од местото, иако треба да има предност.

Според нашиот читател, ова често се случува, поради што лани повеќе луѓе настрадале во дворот на Клинички бидејќи не стигнале до местото каде што треба да бидат лекувани.

„Пример, брзата помош од Ѓорче Петров до Клинички стигнува за 10 минути, а во дворот некогаш заглавуваат по еден час“, вели читателот.

„Слободен печат“ на неколку пати пишуваше за хаосот и безредието кое со години владее на паркингот на Клиничкиот центар. Паркинзите се премали за да ги соберат сите возила, па паркира кој каде ќе стигне. Автомобили остануваат заглавени и не можат да излезат од кругот на Државна болница, а парализиран е и сообраќајот на „Водњанска“.

ФОТО+ВИДЕО | Сообраќајниот хаос на Клинички

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот