ФОТО | Уште едно дете на Анџелина Џоли и Бред Пит го отфрли презимето на татка си од дипломата, пред неговиот 18-ти роденден
Уште едно од децата на поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит наводно се откажало од презимето на својот татко. Нокс Леон Џоли-Пит, кој наскоро ќе наполни 18 години, наводно го користел само презимето на својата мајка на дипломата за средно образование.
Препорачано
Според пишувањето на „Пејџ сикс“, 17-годишниот Нокс се претставил како „Нокс Џоли“ во текот на церемонијата на матура на 5 јуни во Лос Анџелес. Со тоа, тој го следел примерот на своите браќа и сестри, кои во последниве години исто така одлучија да се откажат од презимето Пит.
View this post on Instagram
„Нокс Џоли“ на дипломата
Извор близок до семејството тврди дека Нокс го користел името „Нокс Џоли“ на својата официјална диплома за средно образование. На церемонијата, заедно со својата горда мајка Анџелина Џоли, тој одржал и говор, а вниманието го привлекол и со својата нова „омбре“ портокалова боја на косата. Тој исто така им открил на присутните дека истиот ден очекува да настапи во борба на муај тај.
View this post on Instagram
Го следи примерот на браќата и сестрите
Сестрата близначка на Нокс, Вивиен, исто така го исфрли презимето Пит минатата година и беше наведена како „Вивиен Џоли“ во театарската програма на мјузиклот „Аутсајдерите“, на кој соработуваше со нејзината мајка.
Најстарата сестра Захара и братот Медокс исто така веќе го користат само презимето на Анџелина, додека Шајло официјално, законски, го отстрани презимето Пит од нејзиното име на својот 18-ти роденден.
View this post on Instagram
Долгогодишен семеен конфликт
Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа во 2005 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Тие поминаа околу 12 години заедно, од кои две беа во брак, пред Џоли да поднесе барање за развод во 2016 година. Нивниот долготраен и медиумски следен развод беше официјално финализиран дури во 2024 година. Меѓутоа, тие се уште се во „војна“ за поделбата на имотот.
View this post on Instagram
Во интервју за „Венити фер“ на крајот од минатата година, Џоли првпат поотворено зборуваше за периодот по разделбата, опишувајќи го како „многу мрачен“. Таа истакна дека работата на биографскиот филм „Марија“ ѝ помогнала повторно да ја пронајде својата животна енергија.
„Бев во многу мрачен период од причини за кои не би сакала да зборувам. Немав многу светлина или животна енергија во мене. Беше како мојата светлина да беше пригушена“, рекла актерката во тоа време.
Нов удар за Бред Пит, и најстариот син Медокс официјално се откажа од неговото презиме
Уште едно дете се откажа од Бред Пит: Ќерката Вивиен повеќе не го користи неговото презиме


