
ФОТО | НБА ѕвездата Кајл Кузма во авион полн со рози и дијамантски прстен од 8,5 карати, ја запроси манекенката Вини Харлоу
Кошаркарот Кајл Кузма и манекенката Вини Харлоу се верија, а радосната вест ја споделија на Инстаграм со серија заеднички фотографии направени во приватен авион, украсени со црвени рози. Според „Вог“, романтичното запросување се случило на островите Туркс и Кајкос, кои Кузма и Харлоу првпат ги посетиле заедно во 2022 година.
Препорачано
За време на летот, Кузма почнал да чита песна, а потоа побарал од Харлоу да седне до него.
„За момент помислив: „Би било толку слатко ако ова беше предлог“, но, јас не сум тип на човек кој сака да шпекулира или да го расипе изненадувањето. Така што тоа беше само минлива мисла во мојата глава“, изјави Харлоу за „Вог“
Кошаркарот на Милвоки Бакс по пет години врска, ја запроси Харлоу со дијамантски прстен од 8,5 карати.
„Никогаш не ја прашав каков прстен ѝ се допаѓа. Сакав да и подарам нешто што личи на неа – нешто елегантно, но безвременско и едноставно во исто време“, рече тој.
View this post on Instagram
Тие се заедно од 2020 година.
Двојката е заедно од 2020 година, иако Кузма првпат се обиде да стапи во контакт со моделот преку Инстаграм една година порано.
„Ми испрати порака пред една година, но јас никогаш не ја видов. Не знам што не е во ред со Инстаграм, но ова никогаш порано не ми се случило“, изјавила Вини додека гостувала во една ТВ емисија. „Една година подоцна, во екот на карантинот на пандемијата, тој повторно ми испрати порака и објави моја слика, на што јас одговорив и реков: „О, здраво! „И така започна се“, рече таа.