Мануел Ноер/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Ноер денеска урна рекорд на Лотар Матеус стар повеќе од две децении

Мануел Ноер испиша нова страница во историјата на германскиот фудбал, откако стана највозрасниот репрезентативец на Германија кој настапил на големо меѓународно натпреварување.

Искусниот голман на Баерн Минхен доби место во стартниот состав за натпреварот против Курасао на Светското првенство и на теренот излезе на возраст од 40 години и 79 дена. Со тоа Ноер го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Лотар Матеус, кој настапи за Германија на Европското првенство во 2000 година како 39-годишник.

Голманот, кој е роден на 27 март 1986 година, претходно стави крај на репрезентативната кариера по Европското првенство во 2024 година. Во тој период зад своето име имаше 124 настапи и статус на голман со најмногу одиграни натпревари за германската национална селекција.

Сепак, селекторот Јулијан Нагелсман одлучи повторно да смета на неговите услуги и го вклучи меѓу патниците за Мундијалот.  Ноер своето мундијалско деби го имаше во 2010 година во Јужна Африка, а четири години подоцна беше еден од клучните играчи во германскиот поход до светската титула во Бразил. Тогаш ја освои и наградата „Златна ракавица“ за најдобар голман на шампионатот.

ВИДЕО | Најмалата нација во светот го даде својот прв гол на Мундијалите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот