фото/ INSTAR Images / Profimedia

Еквадор е првиот тест за Брегот на Слоновата Коска на Мундијалот

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска се враќа на Светското првенство по 12 години, а талентираната генерација на „слоновите“ ќе се обиде да го направи она што нивните претходници никако не успеваа во претходните три обиди – конечно да ја поминат групата. Резултатите од пријателските натпревари им даваат сериозна причина за оптимизам: победа 4:0 против Јужна Кореја, триумф 1:0 против Шкотска и во спектакуларна генералка победа 2:1 против актуелните светски вицешампиони Франција, што ја наполни екипата на Емерс Фае со оптимизам пред заминувањето во САД.

Но почетокот ќе им биде сè само не лесен. Еквадор ја заврши јужноамериканската квалификациска група како второпласирана селекција, веднаш зад Аргентина, и тоа и покрај три одземени бода поради административен пропуст. Тој резултат сам по себе е импресивен, а уште поголем респект буди податокот дека во 18 квалификациски натпревари примија само пет гола и загубија само двапати. Откако Себастијан Бекачеа е на клупата, поразите се реткост – во 20 натпревари имаат 11 ремија, осум победи и само еден пораз.

БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА – ЕКВАДОР (понеделник 01:00)

Можни постави:

БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА (4-3-3): Фофана – Дуе, Агбаду, Косунu, Конан – Кеси, Сангаре, С. Фофана – Диало, Гуесанд, Диоманде, селектор: Емерс Фае.

ЕКВАДОР (4-2-3-1): Галиндез – Ордоњез, Пачо, Хинкапиe, Еступињан – Каиседо, Вите – Јебоа, Плата, Ангуло – Валенсија, селектор: Себастијан Бекачеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот