Фото: Barcelona HC

Барселона го доби Фуксе Берлин за 13. титула во Лигата на шампионите

Екипата на Барселона дојде до својата 13. титула во Лигата на шампионите по победата над Фуксе Берлин со 37-34 во големото финале.

За каталонскиот гигант ова беше 18. финале во елитното натпреварување, а трофејот е четврти во последните шест сезони, што дополнително ја нагласува нивната континуирана моќ на европската сцена. Иако конечниот резултат сугерира неизвесност, Барселона практично го контролираше натпреварот од почеток до крај. Германскиот тим успеа да израмни само во воведните минути при 1-1 и 2-2, но ниту еднаш не дојде до водство.

По почетното одмерување на силите, Барселона почна да го зголемува темпото и по два врзани гола ја презеде контролата врз резултатот. Во текот на првото полувреме предноста постепено растеше, а по дваесетина минути игра достигна и пет гола разлика.

Во продолжението каталонците стигнаа и до највисоки плус шест (25-19 и 26-20), додека Фуксе Берлин во неколку наврати се обидуваше да се врати во игра. Германскиот состав успеа да намали на 32-30 и уште неколкупати да се доближи на два гола негатива, но немаше сили за целосен пресврт.

Еден од најзаслужните за триумфот беше Луис Фраде, кој реализираше седум погодоци од исто толку обиди. Јанц и Гомез додадоа по шест гола, додека Макуч натпреварот го заврши со пет реализации. На спротивната страна најрасположен беше Матијас Гидсел со осум гола, но ниту неговото одлично издание не беше доволно за Фуксе Берлин да стигне до првата европска титула во клупската историја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот