Холандија - Јапонија/EPA/ALBERT PENA

ВИДЕО | Здодевно прво и одлично второ полувреме: Холандија и Јапонија ги поделија бодовите

Во еден натпревар со две различни полувремиња, Холандија и Јапонија одиграа реми 2-2 во првиот натпревар од групата Ф на Светското првенство.

Првите 45 минути не донесоа многу возбудувања. Двете селекции играа претпазливо, без сериозни шанси пред противничките голови, па мрежите останаа недопрени во едно од најнеатрактивните полувремиња на досегашниот тек од Светското првенство.

Сепак, продолжението донесе далеку поинтересен фудбал. Холанѓаните поведоа во 51. минута кога Рајан Гравенберх одлично асистираше, а Вирџил ван Дајк ја испрати топката во мрежата за 1-0.

Јапонија не чекаше долго за одговор. Само шест минути подоцна Накамура создаде простор за удар и со прецизен шут го совлада противничкиот голман за израмнување на 1-1. Темпото на игра значително се зголеми во вториот дел, а решавачкиот момент пристигна кога Гравенберх ја запиша својата втора асистенција на натпреварот. Овој пат неговото додавање го искористи Самервил, кој погоди за 2-1.

Јапонците не се откажаа и вторпат стигнаа до гол за израмнување во самата завршница кога Камада погоди со глава.

ВИДЕО | Најмалата нација во светот го даде својот прв гол на Мундијалите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот