Тест на личноста — вашата замисла за морето ја открива вашата потсвест
Некои работи често не ги ни забележуваме, но можат да откријат многу за нас. Нашата потсвест зборува преку првата асоцијација со нешто – омилена боја, животно, предмети што ги визуелизираме или слично, пишува „Сенса“.
Препорачано
Одговорете на прашањата и дознајте што открива мотивот на морето за вашата личност, некои особини за кои до сега не сте биле свесни, тајните желби…
Прашања:
1. Замислете дека нуркате во морето и додека го откривате подводниот свет, одеднаш здогледувате сирена. Каква боја е нејзината опашка?
2. Сирената не е единствената што ја сретнувате на дното на морето, туку што минува риба. Каква би била таа?
3. Малку понатаму наидувате на школки. Како изгледаат, дали нивната форма е едноставна или се необични, можеби спирални како полжав?
4. Решивте да излезете на површина и да стигнете до плажата. Колку луѓе гледате?
Решенија:
1. Бојата на сирената покажува колку сте друштвени. Студените бои како зелена и сина укажуваат на срамежливост, а топлите бои како розова и жолта укажуваат на отвореност.
2. Рибите кажуваат нешто за вашиот начин на решавање конфликти. Ако се безопасни, тогаш останувате на своето мислење, иако сите други ви противречат; ако се предаторски, тоа значи дека се плашите од конфликт и брзо попуштате.
3. Школката кажува за тоа колку сте пристапни во односите со другите луѓе. Едноставната форма и обичните бои значат дека можете брзо да се отворите со некого, а необична форма и повеќе бои покажуваат дека сте прилично затворени и претпочитате сами да ги решавате проблемите.
4. Луѓето на плажа ги претставуваат вашите пријатели. Ако видите многу од нив, имате многу пријатели. Но, ако има само неколку пливачи, веројатно имате само неколку навистина вистински пријатели. Ако нема никој на плажата, може да се каже дека не им верувате на луѓето и претпочитате да живеете како осамен волк.


