Барак Обама фото; EPA

Обама: Имавме договор со Иран кој функционираше, со бомбардирање не доаѓате до решение

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, изјави дека новиот договор со Иран веројатно нема да биде значително подобрување во однос на нуклеарниот договор од 2015 година. Тој во интервју за Еј-би-си њуз, вели дека со бомбардирање нема да се дојде до решение.

„Прашање е дали кој било договор што ќе произлезе од ова ќе биде значително различен или значително подобар од договорот што го имавме на почетокот, кој функционираше подолг временски период пред САД да се повлечат од него“, рече Обама.

Обама рече дека се надева дека бомбардирањето ќе престане и дека обичните луѓе повеќе нема да страдаат од последиците од војната и дека оваа криза ги покажува ограничувањата на употребата на сила за решавање на проблемите во надворешната политика.

„Мислам дека ова, гледано ретроспективно, е потсетник дека со многу тешки проблеми на надворешната политика, идејата дека едноставно можеме да употребиме сила или бомбардирање за да најдеме решение понекогаш може да изгледа привлечно. Сепак, фактот е дека вреди да се одвои време за дипломатија и да се исцрпат сите можности за постигнување договор што можеби нема да реши 100 проценти од проблемот, но ќе реши 80 или 90 проценти од проблемот, а воедно ќе ја избегне потребата од војна. Човек би помислил дека досега сме ја научиле таа лекција, но се чини дека мора да ја учиме од време на време повторно“, рече тој.

Америка и Иран ќе го потпишат договорот за крај на војната на 19 јуни во Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот