Улични кучиња - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Улични кучиња - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Кучиња скитници нападнале девојка во Гостивар, со тешки повреди завршила во болница

Во Гостивар утрово 19-годишната А.О. заврши со тешки телесни повреди откако била нападната од кучиња скитници.

Според информациите од МВР, настанот се случил околу 08:50 часот на улица „101“. Девојката се движела по улицата кога група кучиња ја нападнала. Во обид да избега од агресивните животни, таа паднала и се здобила со сериозни повреди.

Веднаш била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на настанот и започнала постапка за расчистување на случајот.

Инцидентот повторно ја отвори дебатата за проблемот со кучињата скитници во македонските градови.

Граѓаните реагираат дека не се чувствуваат безбедно поради кучињата скитници кои ги има во секое населено место.

Кучиња скитници растргнале двегодишно дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот