фото/ EPA/MOHAMED MESSARA

Како пеналите станаа ноќна мора на англиските репрезентативци?

Малку ситуации во спортот се толку стресни како чекорењето кон белата точка. Тоа најдобро го знаат англиските репрезентативци.

Кога натпревар на англиската репрезентација по 120 минути ќе заврши без победник, многумина веќе однапред вадат марамчиња за бришење солзи.

Во фудбалот многу лесно настануваат легенди, приказни или дури и непишани правила. Едно од најпознатите е она дека Англичаните по правило испаѓаат на пенали. Дали е тоа навистина така? Секако дека не е правило, но е многу чест случај, особено од 1990 година до денес.

Англиската репрезентација дури три пати во големи драми испаднала од Светското првенство токму на тој начин, додека во 2018 година конечно успеа и да оствари победа. Нешто поуспешни се на Европските првенства, каде што имаат две победи и четири порази, но проблемот е што тие порази често доаѓале токму кога изгледало дека конечно е време за голем резултат.

Трагедиите на пеналите почнаа во 1990

Ако се погледне дека од 1990 до денес се одржани 17 големи натпреварувања, а Англија дури седум пати испаднала по изведување пенали, бројките изгледаат брутално. Ако се земе предвид дека на две не учествувале, а на три испаднале уште во групата, доаѓаме до податок дека седум од 12 елиминации во нокаут-фаза ги доживеале токму преку пенали.

Меѓу останатите пет порази се и оној од Бразил во 2002 година со познатиот кикс на Дејвид Симан, потоа убедливиот пораз 4:1 од Германија во Јужна Африка 2010, поразот во Катар против Франција во еден од најдобрите мечеви на турнирот, како и шокантниот пораз од Исланд на ЕУРО 2016.

Стјуарт Пирс ја отвори „Пандорината кутија“

Сè започна во 1990 година кога Англија, предводена од Боби Робсон, стигна до полуфинале на Светското првенство против Западна Германија. Тоа беше екипа што знаеше да игра тешки натпревари. Белгија во осминафинале и Камерун во четвртфинале ги совладаа дури по продолженија. Почетокот на драмата што ќе ги следи со децении дојде токму во тоа полуфинале, кога промашија во четврта и петта серија. Трагичари беа Стјуарт Пирс и Крис Вадл.

Шест години подоцна следеше нов германски удар. По пропуштеното СП во САД, ЕП на домашен терен беше голема надеж, но повторно полуфинале, повторно Германија и повторно пенали. Овој пат одлучи шеста серија во која промаши младиот Герет Саутгејт.

Две години подоцна повторно Светско првенство, овој пат против Аргентина. Во петтата серија промаши Дејвид Бети.

Португалија двапати им ги уништи надежите

По ЕУРО 2000 и киксот против Бразил 2002, следеа две португалски ноќни мори. Во 2004 година на ЕП Англија загуби од домаќинот Португалија – меч запаметен по „лизгањето“ на Дејвид Бекам и голманот Рикардо кој одбрани пенал без ракавици, а потоа и сам го постигна победничкиот удар, пишува Gol.hr.

Во 2006 повторно Португалија – дури пет промашувања во серијата, а Англија повторно изгуби.

Потоа следеа нови разочарувања на ЕП 2012 против Италија, па конечно победа на пенали против Колумбија во 2018, но и пораз од Хрватска во полуфиналето.

Финалето на ЕП 2021 донесе нов удар – Италија повторно беше подобра по пенали.

Сепак, победата над Швајцарија на пенали пред две години им даде малку надеж.

Модриќ пред Англија: Го познавам добро Белингам и знам колку може да биде опасен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот