Фото: EPA/ANDY RAIN

Арсенал против Ковентри ќе ја почне одбраната на титулата во Премиер лигата

Распоредот за новата натпреварувачка сезона 2026/27 во Премиер лигата е објавен, а најголемо внимание е насочено кон актуелниот шампион Арсенал, кој ќе ја започне одбраната на титулата на домашен терен против Ковентри.

Овој натпревар е воедно и отворањето на сезоната, закажано за петок, 21 август од 21.00 часот. Ковентри се враќа во елитата по 26 години, а фудбалерите на Арсенал веќе ќе имаат и рано градско дерби – во третото коло го пречекуваат Челси на стадионот „Емирати“, што веднаш го зголемува интензитетот на почетокот на сезоната за лондонскиот тим.

Еден од клучните мечеви на есен се очекува да биде дуелот меѓу екипите на Арсенал и Манчестер сити во рамките од 12 коло, на 28 ноември, исто така во Лондон, во судир на тимови кои ја завршија претходната сезона на врвот на табелата.

Новопромовираниот тим од Премиер лигата, Хал, ја отвора сезоната дома против Манчестер јунајтед. За „Црвените ѓаволи“, распоредот веднаш носи тешки предизвици: во четвртото коло играат градско дерби против Манчестер сити на „Олд Трафорд“, додека во шестото коло го пречекуваат Тотенхем.

Премиер лига
Сезона 2026/27

Прво коло, двојки:

21 август (петок)
Арсенал – Ковентри

22 август (сабота)
Хал – Манчестер Јунајтед
Евертон – Кристал палас
Ипсвич – Сандерленд
Нотингем форест – Лидс
Брентфорд – Тотенхем

23 август (недела)
Брајтон – Астон Вила
Манчестер сити – Борнмут
Њукасл – Ливерпул

24 август (понеделник)
Фулам – Челси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот