Пејачката Лана Дел Реј доживеа јавен линч на социјалните мрежи: Ти си неодговорна и опасна за околината

Instagram
Instagram

Пејачката Лана Дел Реј веќе долго време не е присутна во јавноста, па не е ни чудо што скоро никој не ја препознал за време на нејзиното последно појавување. И покрај тоа што пејачката драстично го променила својот изглед, сето тоа паднало во вода поради несоодветната заштитна маска што ја носела за време на промоцијата на нејзината книга.

Лана Дел Реј (35) била фотографирана во Лос Анџелес со кратка руса коса. Таа беше препознатлива по своите долги кафеави кадрици, уште од самиот почеток на нејзината кариера. Но, нејзината промена останала во сенката на гневот на нејзините обожаватели предизвикан од неодговорното однесување на Лана на промоцијата на нејзината книга „Violet Bent Backward Over The Grass“.

Тема на дискусија била нејзината заштитна маска што Лана очигледно сакала да ја вклопи со краткиот комбинезон што го носела на тој настан.

Лана додека читала извадоци од својата книга, била во специјално ограден простор, но се покажало дека подоцна се сликала со обожаватели, кои ги споделиле фотографиите на социјалните мрежи.

Ја нарекле неодговорна, опасна за себе и за другите. Во одбрана на пејачката застанала нејзината сестра, која одговорила на бесните коментари, тврдејќи дека Лана била оддалечена од пет до шест метри од сите и дека тестот за коронавирус покажал негативни резултати.

Instagram

„Не можам да поверувам дека Лана навистина носи таква маска и комуницира со луѓе. Тоа е толку неодговорно“; „Зошто е меѓу толку луѓе и носи ваква маска. Ја сакам Лана, но ова е неверојатно неодговорно“; „Девојче, ние сме среде пандемија“; „Лана е возрасна жена и не треба да ѝ се кажува што да прави, но носењето на таква маска е опасно за неа и за другите“, биле само дел од коментарите кои се проширија на социјалните мрежи.

Покрај книгата поезија, Лана деновиве треба да го објави и својот седми студиски албум наречен „Chemtrails Over The Country Club“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот