Ѕвездите од „Пријатели“ и Џејмс Бароуз - Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

ФОТО | Ѕвездите од „Пријатели“ се простија од легендарниот режисер Џејмс Бароуз

Легендарниот телевизиски режисер Џејмс Бароуз, познат по работата на култните серии „Пријатели“ и „Вил и Грејс“, почина на 85-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Веста за неговата смрт ги погоди и актерите со кои соработуваше со децении, а меѓу првите кои јавно му оддадоа почит беа ѕвездите од серијата „Пријатели“ – Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Лиса Кудроу и Џенифер Анистон.

Дејвид Швимер во својата порака истакна дека токму топлината, скромноста и великодушноста на Бароуз придонеле актерската екипа на снимањата да се чувствува како едно семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Schwimmer (@_schwim_)

„Неговата топлина, скромност и великодушност направија сите да се чувствуваме како семејство. Сигурен сум дека тоа не беше случај само со екипата на „Пријатели“, туку и со многу други луѓе со кои работеше“, напиша Швимер.

Тој во својата објава го нарече Бароуз „уште една татковска фигура“ во неговиот живот.

„Тој го извлекуваше најдоброто од секој актер и секоја серија ја правеше подобра, посмешна и поемотивна отколку што некој можеше да замисли“, напиша актерот.

„Беше полн со љубов, мудар, охрабрувачки, бараше многу, но истовремено беше трпелив, инспиративен и разигран. Илјадници луѓе имаа привилегија да учат од него“, порача Швимер.

Мет Лебланк, кој во серијата го толкуваше ликот на Џои Трибијани, на Инстаграм објави емотивна порака придружена со фотографии од Бароуз и заедничка фотографија со Швимер од специјалното издание на „Ен-би-си“ од 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt LeBlanc (@mleblanc)

„Џими, зборовите не можат да опишат колку влијаеше врз нас и врз сите што имаа среќа да те познаваат. Беше вистинска икона на толку многу нивоа. Ти посакувам сè најдобро во следниот чин. Ќе ни недостигаш. Бог нека те благослови“, напиша Лебланк.

Лиса Кудроу и Џенифер Анистон му оддадоа почит на своите инстаграм-профили, каде споделија фотографии и видеа со Бароуз.

Џејмс Бароуз и Џенифер Анистон – Фото: Инстаграм
Џејмс Бароуз и Џенифер Анистон – Фото: Инстаграм
Џејмс Бароуз и Лиса Кудроу – Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот