Лана дел Реј го прослави триесет и шестиот роденден: Пиев алкохол кога и да имав можност, честопати и сама

Instagram
Instagram

Талентираната Лана, ќерка на милионерот и инвеститор Роб Грант, е родена во Њујорк на 21 јуни 1985 година. Уште од рана возраст уживала во луксузен живот и раскош, а поради контроверзните текстови и видеа, брзо се здоби со светска слава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelrey)

Уште од мала возраст почнала да пишува текстови и песни кои ги изведувала во ноќни клубови во Њујорк, а својот прв студиски албум го издала во 2010 година. Сепак, од неразјаснети причини по краток период албумот беше повлечен од продажба. Никогаш јавно не прозборе за тоа.

За магазинот „GO“ пејачката изјавила дека е зависна од алкохол, како и дека за прв пат била на рехабилитација на 14 – годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelrey)


Пиев алкохол кога и да имав можност, честопати и сама. Тогаш сето тоа изгледаше добро. Веќе на 14-годишна возраст, за прв пат родителите ме испратија на клиника за рехабилитација, рече пејачката.

Неодамна, нејзиниот изглед и видливите вишок на килограми наидоа на негативни коментари, со оглед на тоа дека секогаш имала исклучително витка линија. Покрај тоа, за Лана долго време се зборуваше дека со операциите е „изобличена“, а промените се највидливи на нејзиниот нос. Странските медиуми јавуваат дека Лана не го корегирала само носот, туку дека имала и други интервенции на лицето како на устата и јагодиците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Del Rey (@lanadelrey)


Многумина го коментираа и нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Откако Лана се здебели 15 килограми, според странските медиуми, таа веднаш станала жртва на „fat shaming“. Ова всушност значи дека била жртва на бројни навреди, омаловажувања и критики само поради изгледот на нејзиното тело.

Американската пејачка не обрнува многу време на критиките, а на крајот на март го издаде својот нов студиски албум наречен „Chemtrails Over the Country Club“, скоро по една година откако го откри неговото име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот