Лана Дел Реј со сериозни проблеми по свадбата: „Маж и жена ме следат со дронови, престанете!“
Американската пејачка Лана Дел Реј се пожали на социјалните мрежи дека брачен пар во Хоума постојано ги фотографира неа и нејзиниот сопруг, водичот Џерми Дуфрен, со дрон.
Препорачано
„За жал, локална двојка од Хоума не престана да лета со дронови околу нашите прозорци секое утро и да не следи со уреди за следење“, напиша пејачката, а пренесе „Пејџ сикс“.
Исто така, ѕвездата го именуваше парот и ги замоли да престанат да ги следат и фотографираат.
Lana Del Rey adressed being followed by paparazzi, drones, photoshopping her wedding ring and her husband. pic.twitter.com/ncHp9fHnx1
— Patryk (@bylicaa) October 2, 2024
Инаку, малтретирањето започнало веднаш по свадбата која се одржа во Луизијана на 26 септември.
Да потсетиме, Лана Дел Деј и Џерми Дуврен присуствуваа на свадбата на манекенката Карен Елсон како пар, а на крајот на август на „Лидс фестивал“ каде ја потврдија својата романса.
Парот се познава долго време. Тие се запознале во 2019 година, кога пејачката вила на едно од туристичките возења на Дуфрен околу Луизијана, каде што ги носи туристите на чамци низ мочуриштата полни со алигатори, чапји и други животни.


