Фото: Фејсбук / MaltaToday

ВИДЕО | Силна експлозија на фабрика ја стресе Малта, густ чад го покри небото

Силна експлозија, проследена со серија помали детонации, рано утрово го потресе подрачјето Магтаб во Малта, откако експлодира фабриката за огномети „Та Лурдес“. Во небото се издигна густ столб од бел и од сив чад, објави „Индепендент“.

Портпарол на полицијата изјави за медиумите дека засега нема индиции дека некој е повреден. Сепак, пожарникарите и натаму ја пребаруваат областа.

Според полицијата, во моментот на експлозијата на местото немало ентузијасти за огномети. Сите биле контактирани од човекот одговорен за фабриката, соопшти полицијата.

Двајца мажи што работеле на ниви во близина биле полесно повредени од остатоци од експлозијата и биле пренесени во болница, каде што требало да бидат третирани и поради претрпен шок. Мажите се на возраст од 67 и 47 години и двајцата се од Сент Полс Беј.

Експлозијата се слушна околу 6.25 часот, а жители од повеќе места пријавиле дека нивните домови се затресле од силината на ударот. Столб од чад беше видлив од подрачјата околу Наксхар и Магтаб.

Портпарол на Одделот за цивилна заштита потврди дека инцидентот се однесува на фабрика за огномети во областа Салини. Тој рече дека службите за итна помош биле информирани дека во моментот на експлозијата на локацијата имало луѓе, но дека тоа сè уште се проверува.

Истрагата ја води судијата Џо Мифсуд.

Инцидентот се случи еден ден по објавувањето на резултатите од парламентарните избори, потсетувајќи на две други смртоносни експлозии што се случиле кратко по објавување изборни резултати.

Во март 1992 година, мајка и нејзиното бебе загинаа кога силна експлозија во фотографско студио предизвика уривање на станбена зграда и клуб на Лабуристичката партија во Паола.

Во март 2008 година, жена загина кога нејзиниот стан се урна по експлозија на нелегално произведени огномети во соседна гаража. Загина и мажот што ракувал со огнометите.

ВИДЕО | Страшна експлозија во складиште во Мјанмар, загинаа најмалку 50 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот