Фото: архива

Комерцијалните возила мора да имаат паметни тахографи за да влезат во ЕУ

Од први јули стапуваат на сила нови правила за влез во ЕУ. Според нив лесните комерцијални возила (LCV) и комбињата со максимална дозволена тежина, вклучувајќи приколка, помеѓу 2,5 и 3,5 тони што се вклучени во меѓународен транспорт треба да бидат опремени со паметни тахографи (G2V2).

Овие уреди мора да ги евидентираат граничните премини, точките на товарење и истовар, како и активноста на возачот. Лесните камиони до 3,5 тони, кои главно се користат за транспорт на материјали до и од градилиштата, како и за работа на градилиштата, се ослободени од новата мерка, под услов да работат во радиус од 100 километри. Исклучоците продолжуваат да важат за транспорт на рачно изработени производи, како и за возила што се користат за некомерцијални активности, каде што возењето не е примарна улога на возачот.

Досега, обврската за инсталирање тахограф важеше само за возила над 3,5 тони, но со новите европски правила, кои постепено ќе се применуваат од август 2023 година, обврската се проширува и на лесни комерцијални возила што вршат меѓународен превоз на стоки во рамките на ЕУ.

Правилата се применуваат и на територијата на Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Велика Британија, додека земјите што се потписнички на Меѓународниот договор за регулирање на работното време на возачите во меѓународниот патен сообраќај (AETR) не се опфатени со оваа одредба.

„Роаминг како дома“- ЕУ почнува преговори за укинување на роамингот за Западен Балкан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот