Џереми Кларксон со битна новост откако соопшти дека боледува од агресивна форма на рак
Британскиот водител Џереми Кларксон, познат по емисијата „Топ Гир“, соопшти дека официјално е во ремисија по дијагнозата на рак на простата, пренесува „Гардијан“. Тој открил дека во последните епизоди од петтата сезона на неговата емисија „Кларксонова фарма“, снимени во 2025 година, дознал дека боледува од агресивна форма на болеста.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во интервју за „Сандеј Тајмс“, Кларксон изјави дека моментот кога добил резултати бил тежок, но дека денес се чувствува добро.
„Без сомнение, јас сум официјално најсреќниот човек на светот“, изјави поранешниот водител на „Топ Гир“.
Тој објасни дека пред околу два месеца направил тест за простатен специфичен антиген, кој покажал знаци на малигнитет. Според неговите зборови, станувало збор за агресивен вид рак кој можел да се прошири и да зафати други органи.
„Тоа беше агресивен тип на рак. Можеше да се прошири, можеше да отиде на панкреасот, можеше да отиде на кое било место и тоа ќе беше сериозен проблем“, изјави Кларксон.
Во текот на викендот, тој објави и неколку видеа на Инстаграм, во кои соопшти дека шестата сезона од „Кларксонова фарма“ е во продукција, додавајќи со доза на хумор дека внимателните гледачи ќе забележат дека тој сепак не е починат.
„Не само што не сум мртов, туку сум сосема добро. Лекарите навреме ми го открија ракот на простата“, напиша Кларксон на социјалните мрежи.
Тој упати и порака до мажите да одат на редовни прегледи, нагласувајќи дека тестирањето е едноставна анализа на крв која може навреме да открие сериозни заболувања.


