Портрет на Леонардо Да Винчи и неговото дело „Витрувиев човек“ / Фото: Profimedia

Голем дигитален архив обедини стотици цртежи и ракописи на Леонардо да Винчи

Леонардо да Винчи, еден од најголемите пронаоѓачи во историјата, смислувал неверојатни идеи кои биле векови пред своето време. Тој полнел тетратки со дизајни за летечки машини, оклопни возила, мостови, хидраулични системи и механички уреди.

Иако многу од неговите дизајни не биле изградени за време на неговиот живот, деталните скици, за среќа, останале зачувани. Сега, новата онлајн-платформа наречена „Леонардотека“ за првпат по повеќе од 400 години обединува две историски збирки од списите и цртежите на италијанскиот полихистор.

Леонардо Да Винчи записи – Фото: Carlo Bollo / Alamy / Well/BOT / Alamy / ProfimediaProfimedia/

Онлајн-архивата создадена од музејот „Галилео“ во Фиренца во соработка со Кралската збирка во замокот Виндзор, библиотека „Амброзијана“ во Милано и библиотека „Леонардијана“ во Винчи — ја спојува најголемата преживеана збирка на списи на Да Винчи што ја чува библиотеката „Амброзијана“, со околу 550 цртежи кои се наоѓаат во Кралската збирка.

Овие две збирки првично биле дел од големата тетратка што Да Винчи ја пишувал меѓу средината на 70-тите и неговата смрт во 1519 година. Тие биле чувани на различни места пред неколку векови од страна на италијанскиот скулптор и колекционер Помпео Леони, кој ги реорганизирал тетратките на Да Винчи откако ги купил. Некои листови дури биле и пресечени, оставајќи ги цртежите и белешките расфрлани низ различни институции следните стотици години.

Фото: Wikimedia Commons)

По 10 години заеднички напори, „Леонардотека“ на едно место ги собира најпознатите изуми на Да Винчи, вклучувајќи ја летечката машина, перпетуум мобиле тркалото и Архимедовиот винт. Корисниците можат детално да ги истражуваат овие страници, да учат за техниките на цртање и пишување на Да Винчи и да гледаат дигитално реконструирани и реставрирани ракописи кои откриваат како тие првично изгледале.

„Леонардотека“ им нуди на научниците ширум светот досега невидени можности за истражување на огромното и бесценето богатство од информации содржани во ракописите на Леонардо да Винчи“, изјави Паоло Галуци, поранешен директор на музејот „Галилео“ и творец на платформата.

„Оваа иновативна алатка го означува почетокот на една нова и многу ветувачка ера на истражување на уметничкото, научното и литературното наследство на генијалецот од Винчи“.

Можеби пронајдени тајни тунели нацртани од Леонардо да Винчи во доцните 1400-ти

Новата студија го разоткри познатото правило на Да Винчи: Постојат малку докази дека тоа се случува постојано

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот