Фото: Wikimedia Commons)

Новата студија го разоткри познатото правило на Да Винчи: Постојат малку докази дека тоа се случува постојано

Научниците ја оспоруваат важноста на „правилото на дрвјата“ на Леонардо да Винчи во разбирањето на растот на дрвјата и складирањето на јаглеродот, предлагајќи нов модел кој би можел подобро да го објасни, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Прочуениот ренесансен уметник и научник Леонардо да Винчи, е познат и по предлогот на правилата за раст на дрвјата. Според Да Винчи, дебелината на гранката или на стеблото на дрвото, е еднаква на вкупната дебелина на неговите гранки. Иако неговиот концепт со векови влијаел на биолошките модели на дрвјата, неодамнешната студија ја доведува во прашање неговата валидност.

Стјуарт Соп и Рубен Валбуена, научници за растенијата, го истражуваа односот помеѓу жилите на дрвјата и околната структура на дрвјата. Нивната цел била да обезбедат точни модели на раст на стеблата, клучни за разбирање на отпорноста на стеблата на суша и нивното складирање на јаглерод.

Многу биолошки модели на дрвја оттогаш црпеле инспирација од правилото на Леонардо… и покрај тоа што постојат малку докази дека правилото доследно се случува, истакнуваат авторите на новите студии, објавени во списанието ПНАС (PNAS).

Современите мерења веќе предизвикаа сомнеж во врска со „правилото на дрвјата“ на Да Винчи. Авторите на новата студија сугерираа дека ширината и должината на гранките подобро ја претставуваат структурата на гранките на дрвјата. Згора на тоа, Соп и Валбуена открија дека внатрешната архитектура на стеблото, особено на жилите низ кои патува водата, не можат да се придржуваат до соодносот на Да Винчи, поради механиката на течности (флуидот).

Нивното моделирање на внатрешната хидраулика на дрвјата откри дека жилите се шират како што гранките се стеснуваат кон врвовите на дрвјата за да одржат доволно сила за транспорт на водата. Овој модел на раст го оптимизира искористувањето на јаглеродот за ефикасен васкуларен систем на дрвото.

Тој нов сооднос ќе помогне во пресметувањето на нивоата на глобалното фаќање на јаглеродот коешто го извршуваат стеблата, објаснува Соп, студент на дипломски студии по животна средина.

Ревидираниот модел на Соп и Валбуена, исто така, го подобрува разбирањето на растителните системи и може да објасни зошто големите стебла се почувствителни на суша и на климатски промени.

Соп и Валбуена очекуваат внимателно испитување на нивниот модел, слично на дебатите околу теориите за метаболичко скалирање. Меѓутоа, нивната работа претставува чекор напред во разбирањето на ранливоста на стеблата на предизвиците на животната средина. Исто така, тие настојуваат да поттикнат понатамошни истражувања за проверка на емпириските податоци додека ги усовршуваат своите модели на раст на растенијата.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот