ФОТО | „Лего“ ја зголеми старосната граница на 100+ во чест на 100. роденден на Сер Дејвид Атенборо
Легендарниот Дејвид Атенборо неодамна наполни 100 години, а компанијата „Лего“ го прослави овој голем јубилеј со забавна промена, поточно ја зголеми старосната граница на своите сетови од 99+ на 100+.
Препорачано
„Не постои старосна граница за оние кои никогаш не престануваат да си играат“, напиша компанијата на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Лего“ веќе одамна не е само за деца. Во последните години, производителот на играчки лансираше широка палета на сетови за возрасни, дизајнирани да поттикнат креативност и релаксација. на почетокот на оваа година беше споделена приказната за 85-годишна жена која почнала да составува сложени „Лего“ сетови за да ја врати подвижноста на прстите по кршење на палецот.

Јутјуберот Коенкун Брикс, исто така, создаде целосно функционална машина за пишување направена исклучиво од „Лего“ коцки. Сите тие се потсетник дека играта и креативноста навистина немаат старосна граница.

Откако „Лего3 ја објави честитката за Дејвид Атенборо, луѓето ги преплавија коментарите со приказни за нивните постари блиски кои исто така уживаат во редењето коцки. Еден корисник напиша:
„Ѝ подаривме сет на мојата 102-годишна пратетка. Таа секогаш ги кршеше правилата. Уживаше додека го составуваше заедно со нејзиниот пра-пра внук“, „Толку ми олесна што луѓето над 100 години веќе нема да бидат апсени затоа што си играат со ‘Лего’“.
Иако не е познато дали самиот Дејвид Атенборо ужива во редењето „Лего“ коцки, неговата детска љубопитност и ентузијазам за учење го прават овој гест на компанијата особено соодветен.
Легендарниот Дејвид Атенборо наполни 100 години: „Преплавен сум од пораките што ги добив“


