Иран/ EPA/CHRISTOPHER TORRES

Повторно проблеми за Иран во САД — најголемата ѕвезда и помошник-селекторот задржани на аеродром

Иранската репрезентација се најде во непријатна ситуација пред патувањето за Сиетл, откако капитенот Мехди Тареми и помошникот на селекторот Саид Алхоеи, според медиумските извештаи, биле задржани од американските власти на аеродром.

Поради настанатата ситуација, остатокот од иранската експедиција не го продолжила патувањето и чека разврска околу случајот со двајцата членови на тимот.

Во моментов нема официјално објаснување зошто Тареми и Алхоеи биле спречени да отпатуваат, а од Иранската фудбалска федерација сè уште не излегле со дополнителни информации.

Овој инцидент доаѓа во незгоден момент за Иран, кој се подготвува за клучниот натпревар во групната фаза. Секое евентуално одложување би можело да влијае врз планираните активности на репрезентацијата во Сиетл.

По две одиграни кола, Иран има освоено два бода и во последниот натпревар од групата против Египет ќе се бори за пласман во нокаут-фазата. Дуелот е закажан за в сабота во пет часот наутро по средноевропско време.

Неговиот татко му ја уништувал опремата за да го откаже од фудбалот, живеел како бездомник, а сега беше херој на Иран

ФОТО | Иранците оставија емотивна порака во Лос Анџелес: Нека преовладува мирот и почитта меѓу сите народи

ВИДЕО | Навивачите на Иран против Белгија ја исвиркуваа сопствената химна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот