Фото EPA-EFE/REFIK TEKIN

Либан на Сирија ѝ предаде 128 затвореници

Контингент од 128 затвореници со сириско државјанство, кои издржувале затворски казни во либанските затвори, денеска е префрлен во Сирија, во рамки на билатералниот договор што двете влади го потпишаа во февруари годинава. Ова е втора ваква група, откако првата беше префрлена во март, пренесува Демократа.

Сириското Министерство за надворешни работи соопшти за државната новинска агенција САНА дека „втората група сириски затвореници осудени во либанските затвори, составена од 128 лица, е примена во Сирија“, при што трансферот бил „координиран“ со Бејрут и со министерствата за правда и внатрешни работи на двете земји.

Властите во Дамаск соопштија дека операцијата е дел од „континуираните сириски дипломатски напори“ и нагласија дека договорот со Бејрут, постигнат на почетокот на февруари, „ја одразува заложбата на двете страни за зајакнување на билатералната соработка и решавање прашања од хуманитарен и правен карактер, во интерес на заедничките интереси“.

Во првата фаза, во средината на март, во Сирија беа префрлени 136 сириски државјани кои се наоѓаа во либанскиот затвор Румие, во округот Матн. Договорот предвидува трансфер на повеќе од 300 сириски затвореници кои се наоѓаат во слична ситуација, од вкупно околу 2.250 сириски државјани кои, според проценките, се наоѓаат во затворите на територијата на Либан.

Австрија нуди до 3.000 евра за доброволно враќање на Сиријците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот