Топлотен бран во Германија/Фото: EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Топлотниот бран во Европа ги затвора училиштата и e опасен по здравјето на луѓето, предупреди директорот на СЗО

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес преку платформата Х изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, што бара забрзана акција за климатските промени, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина.

Според него, Европа не може да си дозволи понатамошни одложувања.

„Податоците се јасни: температурите низ Европа растат приближно двојно повеќе од глобалниот просек, зголемувајќи ја веројатноста и сериозноста на идните екстремни топлотни бранови“, рече Тедрос.

Тој изјави дека топлотниот бран во Европа го принудува затворањето на училиштата и го загрозува здравјето на луѓето и истакна дека понатамошното одложување не е можно.

„Лидерите мора да дадат приоритет на инвестирањето во здравствени системи отпорни на климатските промени, а истовремено да го забрзаат дејствувањето за климатските промени и да ги ублажат причините за климатската криза“, нагласи Тедрос.

Европа во последните денови беше погодена од силен топлотен бран, со температури над 40 степени Целзиусови во некои земји.

Поради екстремната жештина, во неколку европски земји беа воведени највисоки предупредувања, додека некои училишта беа затворени, а властите апелираа до граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот.

Топлотниот бран во Западна Франција остави 68.000 домаќинства без струја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот