ВИДЕО | Ганскиот врач е задоволен, објави снимка како го „ослободува“ Хари Кејн од магијата
Англија не успеа да стигне до победа против Гана, а вниманието по натпреварот го привлече промашувањето на Хари Кејн од непосредна близина. По тој момент, многумина на социјалните мрежи се потсетија на ганскиот врач Нана Кваку Бонсам, кој тврдеше дека му фрлил клетва на англискиот капитен со цел да му направи проблем против неговата репрезентација.
Препорачано
Иако се споменуваше повреда на Кејн, сепак тој го одигра натпреварот и не постигна гол, а Бонсам вели дека е задоволен од тоа како се одвивала ситуацијата.
По натпреварот, Бонсам повторно се огласи со видео порака во која тврди дека ја отстранил клетвата од Кејн. Во снимката тој покажува вуду-кукла за која вели дека го претставува англискиот напаѓач и симболично ја „ослободува“ од магијата.
Ганскиот врач дури предвиде дека Кејн ќе се запише во листата на стрелците на следниот натпревар на Англија, во кој „Гордиот Албион“ ќе се соочи со Панама.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Фудбал во кочанско Уларци нема каде да се игра – теренот станал нива со жито
Ќе има драма во последното коло — еве како изгледа табелата на третопласираните на Мундијалот


