Мартин Алаѓозовски/ФК Беласица

Беласица најде тренер со кој сака да дојде до место во Прва лига

По заминувањето на Панче Стојанов, раководството на Беласица брзо го реши тренерското прашање и за нов предводник на тимот го назначи Мартин Алаѓозовски.

За младиот стратег ова ќе биде втор ангажман како главен тренер во сениорска конкуренција. Неговото досегашно искуство на самостојна тренерска функција е поврзано со Брера, каде што во текот на 2025 година го водеше тимот на 24 натпревари.

Покрај клупските обврски, Алаѓозовски во моментов е дел и од стручниот штаб на младинските репрезентации на Македонија.

Беласица минатата сезона ја заврши на петтото место во Втората македонска фудбалска лига, а амбициите на струмичани остануваат високи. Целта и во новата сезона ќе биде вклучување во трката за врвот на табелата и обезбедување пласман во елитното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот