Андреј Јакимовски/КФСМ

Јакимовски: Мора да се подготвиме најдобро што можеме, натпреварот со Ирска е еден од најважните

Македонската кошаркарска репрезентација ги одработува завршните подготовки за претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Тимот полека се комплетира, а од вчера селекторот Берокал на располагање го има и Андреј Јакимовски. Токму тој го оцени претстојниот дуел со Ирска како еден од најважните досега.

„Нè очекува еден од најважните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме најдобро што можеме. Имаме нов играч во репрезентацијата, хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме“, изјави Јакимовски.

Според него, дополнителна неизвесност носи и фактот што Ирска ќе настапи во изменет состав.

„Ќе биде тешко затоа што Ирците доаѓаат со нова екипа, со пет-шест нови играчи. Не знаеме колку се квалитетни и како функционираат, но останува на нас да го добиеме натпреварот“, додаде македонскиот репрезентативец.

Тој посочи дека во оваа фаза од подготовките репрезентацијата има и повеќе време за работа и воигрување.

„Имаме доволно време да се запознаеме со барањата на селекторот, со неговиот систем и начин на работа. Работиме напорно секој ден и засега сè оди одлично“, истакна Јакимовски.

Македонија натпреварот против Ирска ќе го игра во Скопје на 2 јули, додека три дена подоцна во последниот меч од овој циклус ќе гостува кај Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот