Фото:Фејсбук/Universitatea Craiova

Шкендија го продаде Вебстер во романска Крајова и си ја наполни клупската каса

Тетовска Шкендија реализираше трансфер на еден од своите најдобри фудбалери, Роналдо Вебстер, кој кариерата ќе ја продолжи во романскиот клуб Универзитатеа Крајова.

Јамајканецот заминува од Тетово откако Романците ја активираа откупната клаузула од неговиот договор. Според достапните податоци трансферот изнесува околу 400.000 евра.

Шкендија во новата сезона ќе биде предводен од Артим Положани кои ќе се обиде да ја врати шампионската титула во Тетово.

Шкендија се засили со Бразилецот Рафаел

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот