Џејда Пинкет Смит / Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

„Џејда Смит ми рече да исчезнам или да ме застрелаат!“: Актерката обвинета за закана по живот кон пријател на нејзиниот сопруг Вил Смит

Актерката Џејда Пинкет Смит е обвинета за закана кон поранешен близок пријател на нејзиниот сопруг Вил Смит поради откривање детали за нејзиниот приватен живот.

Билал Салам, кој вели дека бил најдобар пријател на Смит речиси 40 години, ја поднесе тужбата на 7 ноември, тврдејќи дека Џејда го „нападнала“ на роденденската забава на Вил на 25 септември 2021 година, пишува „Пејџ сикс“.

– Додека во лобито, Џејда Пинкет Смит му се приближила на тужителот со приближно седум членови од нејзината придружба, станала вербално агресивна и му се заканила на тужителот велејќи дека ако продолжи да „открива нејзини приватни работи, тој ќе исчезне или ќе прими куршум“ и побарала да потпише договор за неоткривање – се наведува во тужбата.

Билал тврди дека еден од соработниците на Џејда потоа го следел до неговиот автомобил и продолжил вербално да му се заканува.

Во тужбата, тој тврди дека по инцидентот против него е покрената „кампања за одмазда“, сè затоа што одбил да помогне во справувањето со кризата откако Смит го удри Крис Рок на Оскарите во 2022 година. Салам тврди дека одбил да извршува задачи за кои сметал дека се „нелегални, неетички и морално компромитирачки“.

Билал ја тужи и Џејда за „намерно нанесување емоционална болка“, бидејќи таа негираше за „ТМЗ“ дека некогаш го видела Смит да се впушта во какво било сексуално или интимно однесување со маж, според судските документи.

– Ова беше лажно негирање, бидејќи тужителот веќе објави вирално видео на кое се гледа како Вил Смит го допира Алфонсо Рибеиро пред обвинетиот и нејзините деца, кои беа видливо присутни – рекол тој во тужбата.

Тој исто така тврдел дека „лажното негирање“ на Џејда било намерен обид да го дискредитира и да имплицира дека неговите претходни изјави за Вил биле „неточни и измислени“, предизвикувајќи јавен потсмев и губење на неговиот кредибилитет.

Други обвинувања вклучуваат дека неговиот менаџер, во име на Џејда, му се заканил да „измислат нешто“ и „да ја прекинат оваа расправија пред да биде физички повреден“, откако најавил дека ќе објави мемоари.

Салам тврди дека неговиот углед е уништен, неговото здравје се влошило и дека претрпел финансиска загуба и емоционална траума како резултат на наводното „злонамерно, своеволно и неодговорно однесување“ на Џејда. Тој бара отштета од 3 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот