Пр - Др . Весна Јаневска - Министер за образивание и наука - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Весна Јаневска - Министер за образивание и наука - Фото Слободен печат - Методи Здравев

„Наставниците да не се плашат за своите работни места“ – министерката Јаневска тврди дека оптимизацијата не се прави насилно

Наставниците не треба да се плашат, никој нема насилно да ги избрка од работа, тоа е лага, рече министерката за образование и наука Весна Јаневскка одговарајќи на пратеничко прашање дали со оптимизација на училиштата наставниците ќе останат без работа.

На собраниската седница таа посочи дека за над 20 години се намалил за 28 проценти бројот на ученици, само во последнмите седум години, рече, сме изгубиле 17 000. Во истиот период, додаде Јаневска, бројот на наставници е зголемен за 46 проценти и тоа го укажуваат странски релевантни институции.

-Како резултат на тоа, бројот од 18 ученици по наставник се намали на 11,4 ученици по наставник што е многу повеќе во споредба со европскиот просек и тоа доведе до вишок на наставен кадар од околу 13 проценти. Иако јас велам дека во ниедна земја доктор и наставник не може да биде вишок, но проблем е што имаме училишста со три или пет ученици. И тука не се во прашање трошоците туку тие деца  остануваат изолирани и несоцијализирани, последни се на тестирањата и затоа треба да направивме нешто за тие ученици да се интегрираат – истакна Јаневска одговорајќи на прашање на пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска.

Јаневска посочи дека дел од наставниците добиле можност да бидат преквалификаувани во кариерни советници за да останат на работа или да работат како образовни асистенти.

Потврди дека пратила допис до училиштата за број на првачиња за да направат план на паралелки и да го достават до МОН за, како што рече, „да видиме што можеме да правиме со оптимизацијата“.

-Но таа нема да се прави насилно, училиштата се на општините, тие имаат градоначалници. Никој нема насилно да си оди, но треба да ја почнеме оптимизацијата и да не молчиме на проблемот што ќе се зголемува. Нема новороденчиња, тоа се случува не само кај нас, туку глобално, 124 училишта спонтано се затворија, не ги оптимизиравме ние, туку нема новоредни и неколку години нема првачиња – рече министерката Јаневска.

Јаневска: Државната матура годинава помина во најдобар ред, шеесетина ученици отстранети поради препишување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот