Базен Бисер/Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Тетовскиот базен воведе термини само за жени, не сакале да се мешаат со мажи

Среда и сабота во периодот од 08:30 до 12:00 часот, градскиот базен ќе биде резервиран само за жени и девојки, пишува „Сакам да кажам“.

Во овие термини, на мажи нема да им биде дозволено да се капат.

Во врска со ваквата контроверзна одлука за полова сегрегација, која е карактеристична за некои конзервативни муслимански земји, Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово, вели дека истата била донесена по барање на граѓаните.

„Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според барање на граѓаните, односно граѓанките од Тетово“, изјави Даути.

За одлуката нема реакција од Советот Тетово, каде владејачко е мнозинството на коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

Градскиот базен, кој е од покриен тип, почна да се гради во 2020 година со средства добиени од тогашното Министерство за спорт и млади, како дел од проектот за изградба на 14 базени во исто толку градови во државата и ова беше првиот базен кој беше изграден во рамките на овој проект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот