Жешко време, фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Франција руши рекорди со температурите — прогласен „црвен аларм“ во 72 департмани

Франција денес прогласи „црвен аларм“ поради топлотниот бран во 72 департмани, додека во други 17 е активиран „портокалов аларм“, со оглед на тоа што екстремните температури продолжија низ поголемиот дел од земјата, јавува Анадолу.

Француската национална метеоролошка служба „Метео-Франс“ соопшти дека високите температури ќе се задржат уште еден ден, откако вчерашниот ден беше регистриран како најтоплиот ден во земјата од 1947 година, со просечен национален температурен индекс од 30 Целзиусови степени.

Од „Метео-Франс“ наведуваат дека се соборени неколку температурни рекорди во западна Франција, вклучувајќи ги и измерените 43 степени во Фонтне.

Метеоролошката служба информира дека температурите денес се очекува да надминат 30 степени во поголемиот дел од земјата, а во некои области да достигнат и до 40 Целзиусови степени.

Топлотниот бран во Западна Франција остави 68.000 домаќинства без струја

Исто така, „Метео-Франс“ соопшти дека црвениот аларм за топлотниот бран од вечерва ќе биде укинат во 11 западни департмани.

Телевизијата БФМТВ објави дека во 48 департмани е активиран и портокалов аларм поради висок ризик од шумски пожари.

Се наведува дека ризикот се смета за многу висок во департманите Де-Севр и Горна Гарона.

БФМТВ исто така јави дека железничкиот сообраќај во регионот Нова Аквитанија е во прекин во текот на денот сè до петок и дека возовите ќе сообраќаат само во утринските и вечерните часови.

Топлотниот бран во Европа ги затвора училиштата и e опасен по здравјето на луѓето, предупреди директорот на СЗО

Министерот за образование, Едуар Гефрај, за „Франс 2“ изјави дека околу 3.500 училишта биле затворени денес, додека 10.000 други вовеле приспособени распореди.

Градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, за ТФ1 изјави дека има смртни случаи во главниот град, но не соопшти повеќе детали.

„Очигледно, смртноста е во пораст, но на здравствените власти е да информираат за тоа“, рече Грегоар.

Според извештајот, 43 лица се удавиле во Франција од 18 јуни наваму.

Над 40 луѓе се удавија во Франција — сакајќи да се разладат скокале во небезбедни реки и канали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот