Босна и Херцеговина/Nogometni savez Bosne i Hercegovine

Веќе се познати четири парови за нокаут фазата на Светското првенство

По завршувањето на првите два дена од последното коло во групната фаза на Светското првенство 2026, веќе се познати 19 селекции кои обезбедија пласман во нокаут-фазата, како и првите четири осминафинални двојки.

Меѓу репрезентациите што продолжуваат во елиминацискиот дел од турнирот се Мексико, САД, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, БиХ, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Холандија, Јапонија, Шведска и Австралија.

Воедно, познати се и првите осминафинални пресметки. Јужна Африка ќе игра против Канада, Холандија ќе се соочи со Мароко, САД ќе ги одмерат силите со БиХ, додека Бразил ќе се пресмета со Јапонија.

Останатите патници во нокаут-фазата, како и комплетниот распоред на осминафиналните натпревари, ќе бидат познати по одигрувањето на преостанатите средби од групната фаза во следните два дена.

Елиминацискиот дел од Светското првенство стартува в недела од 21:00 часот, со дуелот меѓу Јужна Африка и Канада.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Еквадор преку пресврт ја совлада Германија, „лалињата“ играат застрашувачки

ФОТО | Обложувач вложил 1,1 милијарда долари на Бразил-Шкотска и бил добитен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот