Денјон Мејдани, албанскиот амбасадор во Скопје / Фото: Фејсбук

Можно е Албанија да го отповика својот амбасадор во Македонија

Денјон Мејдани отворено го поддржа протестот на студентите Албанци во Скопје и нивните барања, поради што може предвреме да ја заврши дипломатската служба во земјава, објави албанската телевизија „А2“

Амбасадорот на Албанија во земјава, Денјон Мејдани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје и да биде отповикан, објави албанската телевизија „А2“, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи.

Според информациите, причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во владејачката коалиција, односно во ВМРО-ДПМНЕ и во Вреди поради ставовите на Мејдани во дебатите околу прашањето со употребата на албанскиот јазик во Македонија. Телевизијата потсетува дека Мејдани јавно покажал поддршка за студентите Албанци кои бараат можност да полагаат правосуден испит на албански јазик.

Според истите извори, се разгледува можноста Мејдани да биде назначен за амбасадор на Албанија во Косово, а можен нов амбасадор во Северна Македонија да биде Петрит Маљај.

Информациите засега не се официјално потврдени ниту од албанското Министерство за надворешни работи ниту од македонското МНР.

Националистички извици, тепачка и најави за решение на протестот на студентите Албанци за правосудниот испит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот