Австриска полиција / Фото: Europol

Мајка и татко од Австрија се осудени на доживотен затвор – до смрт го мачеле тригодишното дете

Суд во Инсбрук денеска осуди брачна двојка од Австрија на доживотен затвор за убиство и тортура на нивниот тригодишен син, објавија австриските медиуми.

Судско-медицински експерт пред судот како доказ го изнел фактот дека момчето тежело само четири килограми кога починало во мај 2024 година.

„Детето имало лице на постара личност, а телото било само кожа и коски“, рече таа.

Портпаролката на окружниот суд во Инсбрук изјави дека мајката била упатена во центар за ментално растроени криминалци. Пресудата сè уште е предмет на жалба.

Момчето било пронајдено гладно и дехиодрирано во Тирол, во близина на германската граница.

Обвинителката рече дека детето страдало од „пеколни болки“ со месеци. Таа опиша како момчето било заклучено во темна соба, врзано, претепано и речиси без храна.

„Обвиненијата се базираа на пораки од разговор и фотографски докази што ги споделиле таткото и мајката, двајцата на возраст од 27 години. Двајцата се охрабрувале еден со друг смеејќи се за својот син додека страдал“, рече обвинителката.

APA објави дека родителите ја признале вината, а таткото му рекол на судот дека нема објаснување за своето однесување. Тој изразил жалење и рекол дека му е жал што неговите други деца знаеле за страдањето и смртта на нивниот брат.

Двојката има и три ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот