Убав гест на Англичаните – му подарија медал на соиграч кој немаше право да го добие
Англија со победата од 6:4 над Франција го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство, а момент за поздравување од овој дуел се случи по средбата кога фудбалерите на „Гордиот Албион“ ги добиваа медалите.
Препорачано
Во центарот на вниманието се најде четвртиот голман на англиската репрезентација, Џејсон Стил, кој според правилата на ФИФА немаше право да добие медал бидејќи во текот на турнирот не беше во официјалниот записник на ниту еден натпревар.
Чуварот на мрежата на Брајтон целото Светско првенство го мина со репрезентацијата како дополнителен голман за тренинзите. Селекторот Томас Тухел го вклучи во тимот поради неговиот придонес во подготовките, иако од самиот почеток беше јасно дека тешко би добил шанса за настап.
A classy touch from the @England squad to make sure Jason Steele was part of the medal celebrations.👏#BHAFC pic.twitter.com/6ECE5llTSF
— Lottie Ikonen (@charlotteikonen) July 18, 2026
Сепак, неговите соиграчи не дозволија да остане без признание. Џуд Белингам, Хари Кејн, Морган Роџерс и Џордан Хендерсон го повикаа Стил на победничкиот подиум и симболично предадоа еден бронзен медал, како знак на благодарност за сè што направил за репрезентацијата.
Инаку Стил е 34-годишен англиски голман и член на Брајтон. Роден е на 18 август 1990 година во Њутон Ајклиф, а во својата кариера настапуваше за Мидлсброу, Блекбурн роверс и Сандерленд, пред во 2018 година да се пресели во Брајтон.
Во клубот најчесто ја има улогата на резервен голман, но во периодот кога тимот го предводеше Роберто Де Зерби беше стандарден избор меѓу стативите, благодарение на неговата сигурност со топката и способноста да учествува во организирањето на нападите. Подоцна, местото прв голман му припадна на Барт Вербруген, па Стил повторно се врати во улогата на резерва.
Jason Steele gets a medal. #FRAENG #WorldCup2026 pic.twitter.com/As8a4JTmHj
— Football24/7 (@foet247europa) July 18, 2026
ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција
ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција


