РЕК Битола Фото: „Слободен печат“, Весна Дамчевска

Инспектори ја затворија мензата во РЕК Битола поради можно труење со храна на 80 вработени

80 вработени во РЕК Битола побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, откако претходно јаделе лазањи со сос во работничката менза.

Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат извршија контрола по што ја затворија мензата поради сомневање за труење со храна. Мензата ќе остане затворена до добивање на конечните резултати од контролите.

Од Центарот за јавно здравје велат дека се анализираат мострите од површини, а истовремено е спроведена епидемиолошка анкета меѓу вработените кои се пожалиле на стомачни болки.

Поради сомневањата за можни труења се огласија и од Независниот синдикат на АД ЕСМ. Оттаму велат дека ја следат ситуацијата и дека ќе бараат одговорност ако се потврди дека причината е храната или хигиената во кујната, нагласувајќи дека додека институциите не завршат со испитувањето треба да има воздржаност од јавни коментари за причината. Претседателот на синдикатот порачува дека здравјето и животот на вработените не смеат да се ставаат во опасност и дека ќе реагираат жестоко доколку се потврди одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот