Шон Комбс - Диди / Фото: Image Press Agency / Alamy / Alamy / Profimedia

Затворската казна на Диди повторно е скратена – еве кога би бил ослободен

Затворската казна за Шон Диди Комбс неодамна повторно беше скратена, па неговото ослободување сега се очекува на 15 април 2028 година, десет дена порано од претходно планираното, пренесуваат странските медиуми.

Ова е веќе втора промена во релативно краток период. Претходно, неговата казна беше намалена за повеќе од еден месец, па датумот на ослободување беше поместен од јуни во април 2028 година, а сега дополнително во средината на април. Ваквите корекции обично се поврзани со правила за добро однесување во затвор или учество во програми за рехабилитација.

Комбс моментално отслужува 50-месечна казна откако минатото лето беше осуден по две точки од обвинението за организирање транспорт на лица за проституција. Сепак, тој беше ослободен од посериозни обвиненија како што се трговија со луѓе и злосторничко здружување, што можеше да му донесе доживотна казна затвор.

Тој моментално е во затворот на Форт Дикс во Њу Џерси, каде што е префрлен за пристап до програми за рехабилитација од зависност, што може дополнително да влијае на скратувањето на неговата казна.

Неговиот правен тим сè уште ја води битката на суд. Адвокатите поднесоа жалба тврдејќи дека врските што беа предмет на судењето биле консензуални, како и дека казната била престрога. Од друга страна, обвинителите инсистираат пресудата да остане на сила, наведувајќи дека Комбс бил повторен престапник и користел принуда и закани.

Клучна улога за време на судењето одигра сведочењето на Кеси Вентура, неговата поранешна партнерка, која опиша наводни организирани средби со дрога и ангажирани мажи за ескорт.

Усното сослушување за жалбата е закажано за 9 април, што значи дека неговиот случај наскоро би можел да добие нов пресврт.

Луѓето се бесни дека Ашер ја допира Алиша Кис на настапот на Супербол: Сега се огласи и нејзиниот сопруг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот