Фото: Прес24 / скриншот

ВИДЕО: Мицкоски како Вучиќ, го „строи“ Орце низ Скопје: „Со китењево до каде си?“

Во пропагандно видео кое личи како симнато од инстаграм-профилот на српскиот претседател, Мицкоски „го строи“ скопскиот градоначалник на теми кои немаат врска со надлежностите на премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски синоќа се прошетаа низ центарот на Скопје, а и ветуваа што ќе направат тој да се разубави.

Вечерната прошетка проследена со специјално монтирано видео кое се шири на социјалните мрежи и на провладините медиуми, потсетува на слични ПР-досетки веќе популарни кај политичари во регионов. Мицкоски, додека се движат кај на плоштадот „Македонија“ и Камениот мост, го „преслушува“ Ѓорѓиевски на начин идентичен на оној од снимките на кои српскиот претседател Александар Вучиќ, во манир на партиски шеф, „строи“ функционери избрани или именувани на функции пониски од неговата.

Мицкоски во видеото го испрашува скопскиот градоначалник и се поставува како шеф за теми кои немаат допирни точки со надлежностите на премиерот: празничното осветлување на Скопје, како изгледа центарот на Градот и колку се средени делови од Градскиот парк.

„Со осветлувањето до каде си? Ќе биде брзо?“ – прашува Мицкоски, а Ѓорѓиевски одговара дека ќе биде, на почетокот на декември.

„Мора центаров да биде тип топ“ – вели премиерот Мицкоски потоа во видеото, кое го објави порталот „Прес24“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот