Фото: Еди Рама / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Тежок скандал во Парламентот на Албанија: пратеник грабна документи, службеничка падна по скали бркајќи го

Албанскиот пратеник и лидер на партијата „Можност“, Агрон Шехај, е обвинет дека украл доверливи документи од канцеларија во Парламентот, додека траела пленарна седница. Станува збор за нацрт-договор за заем од 302 милиони долари од САД, а кога службеничка се обидела да го спречи, паднала по скали во законодавниот дом, што е забележано и на надзорните камери, јавуваат албанските медиуми.

По инцидентот, претседателот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Тауљант Бала, затражи итно апсење на Шехај, обвинувајќи го за нелегално одземање парламентарни документи и физичка агресија врз вработена.

„Агрон Шехај треба да биде уапсен за кршење на законот. Крадецот на лични податоци на Албанците сега почна да краде парламентарни документи. Кога недостасуваат аргументи, останува само кражбата на доверливи документи и очајот. Агресијата кон административен службеник е исто така кривично дело“, изјави Бала.

Премиерот Еди Рама го сподели видеото од настанот на социјалните мрежи и упати апел до обвинителството да реагира според законските надлежности. На снимката се гледа како службеничката, која трча по пратеникот Шехај, паѓа по мермерните скали.

„Се надевам дека Oбвинителството ќе му го покаже местото дефинирано со закон за крадците на доверливи документи на овој омразен крадец-чавка, а истовремено изразувам жалење за невината девојка, фала му на Бога што се извлече без сериозни повреди од паничното трчање по крадецот“, напиша Рама.

Од друга страна, пратеникот Шехај ја демантираше верзијата за кражба и објасни дека го зел документот за да го прочита по упатството од претседателот на Собранието, Нико Пелеши, по што го вратил во истата канцеларија.

„Што се однесува до веста што се појави за документот за договорот, едноставно видовте сами дека претседателот на парламентот им кажал на пратениците кои се пожалиле дека можат да го најдат во блиската канцеларија. Тој не рече дека не можете да го добиете. Јас отидов, го потпишав документот за нераспределба на договорот и си заминав. Нè прашуваат многу работи во Собранието, дури и нè замолуваат да не одиме кога Рама е таму“, рече Шехај.

ВИДЕО | Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот