Состанок - Фото: Pexels

Што можат да ви откријат првите четири минути на првиот состанок со потенцијалниот партнер

Според мислењето на стручњаците, огромната психолошка подготовка што луѓето ја вложуваат пред првите состаноци би била за восхит доколку навистина имаше клучно влијание врз крајниот исход. Новите истражувања покажуваат дека мнозинството луѓе ја проценуваат меѓусебната хемија со партнерот уште во првите четири минути.

Основачот на апликација за запознавање, Џехан Раџендра, го нарекува овој кус временски интервал критичен период за обработка на информациите.

Состанок – Фото: Pexels

Потсвесно читање на сигналите

Во првите неколку минути од средбата, луѓето потсвесно апсорбираат и анализираат голем број информации.

Сите ние постојано испраќаме сигнали во тие почетни моменти, најчесто без никаква свесна намера. Отвореното држење на телото, квалитетот на контактот со очите, како и физичката оддалеченост, претставуваат исклучително важни знаци.

Суштината е во тоа колку пријатно се чувствувате, колку лесно тече разговорот и какви се суптилните невербални знаци. Вистинската хемија бара природен ритам и заемност. Доколку мора да го форсирате разговорот, тоа е јасен знак дека недостасува основната поврзаност.

Состанок – Фото: Pexels

Насмевката како показател за иста бранова должина

Раџендра истакнува дека искрената насмевка и смеата прават клучна разлика во првите четири минути, нешто што е речиси невозможно вештачки да се од глуми.

Тука не станува збор за претходно увежбани шеги или вицеви. Станува збор за спонтано преплетување на меѓусебната духовитост, што е директен сигнал дека со соговорникот функционирате на иста фреквенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот